Според најновите истражувања многу мајки не сакаат да бараат помош за децата, бидејќи тоа го сфаќаат како личен пораз, а 84 отсто од нив веруваат дека е многу тешко да се чуваат деца денес отколку порано.
Дури 80 отсто од родителите признаваат дека првите три месеци од детскиот живот е многу потежок период отколку што очекувале, меѓутоа скоро 90 проценти од мајките не сакаат тоа јавно да го признаат, потврдува онлајн продавници „Кидикер“ (Kiddicare) која ја спроведе анкета на илјада луѓе.
Меѓутоа, од нив 41 отсто не сакаат ни да побараат помош.
– Притисокот врз родителите е голем посебно ако немаат помош од страна и се убедени дека другите сами подобро се снаоѓаат во таа улога. Важно е да се слушнат двете страни и добри и лоши, но важно е да се искрени, истакна од „Кидикер“ Вики Шеперд.
Листа на најубави, но и најтешки моменти за родителите кои ги истакнаа учесниците во истражувањето:
Зошто е убаво да се биде родител:
Поради детската насмевка и галењето;
Поради неизмерната љубов која ја чувствувате кон вашето дете;
Поради можноста детето да го насочите на вистински пат;
Поради тоа што можете да ја зацврстите врската со партнерот;
Поради новите предизвици кои го зајакнуваат духот.
Најголеми предизвици за родителите
Недостиг на сон;
Големи трошоци;
Проблеми со партнерот;
Ограничено слободно време;
Притисок односно грижа за иднината.