Англичанка добила на лотарија, но загинала во сообраќајна несреќа

Од:

Ана-Мари Стивенс (52), од Вестклиф во Велика Британија, загина во сообраќајна несреќа неколку месеци откако освоила 13.000 фунти (околу 15.000 евра) на лотарија.

Нејзината дваесет и тригодишна ќерка ја преживеала несреќата.

Екипите на итната помош пристигнале на местото на несреќата во четвртокот, а потоа ги однеле Стивенс и нејзината ќерка во болница.

И покрај напорите на лекарите, таа починала. Нејзината ќерка е во стабилна состојба, а повредите не се опасни по живот.

Полицијата на местото на несреќата го уапсила 31-годишниот возач на „сузуки“ поради сомнение дека возел под дејство на алкохол.

Пријателите ја опишуваат Ана-Мари Стивенс како прекрасна и грижлива жена која прерано ја нема.

„Оваа загуба е апсолутно потресна“, изјавил еден од нејзините познаници.

Ана-Мари Стивенс зборуваше за британските медиуми откако победи на лотарија и откри дека сумата ја потрошила за да го спаси саканото милениче кое било отруено во паркот.

Кучето починало и покрај високите трошоци за ветеринарите.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ