ВИДЕО: Анџелина Манго е победничка на Санремо

Од:

Победник на 74-тото издание на фестивалот Санремо е Анџелина Манго со песната La noia. Тоа беше одлучено по пет долги фестивалски вечери. Ова ѝ го донесе правото место и да ја претставува Италија во Малме овој мај.

Иако секој учесник писмено се изјаснува за своето евентуално учество на Евровизија во неделите пред фестивалот, тоа официјално ќе биде откриено и објавено на прес-конференција, која ќе се одржи денеска напладне. Анџелина ќе биде прашана дали ќе ја претставува Италија на Евровизија во Малме.

Овогодинешниот конкурс собра 30 уметници кои во текот на пет вечери во познатиот театар „Аристон“ се обидоа да ја придобијат наклонетоста на публиката, радиото и новинарското жири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

Захарова: Евровизија надмина секаква оргија или ритуална сакрилегија

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад