Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Од:

Анџелина Џоли по долго време реши да гостува во една емисија, а нејзиното повратничко интервју не можеше да помине без изненадувања.

Анџелина Џоли веќе некое време се крие од медиумскиот свет. По разводот со актерот Бред Пит, таа ретко се појавува во јавноста, со цел да ја заштити приватноста на своите деца.

Џими Фалон ја претстави Анџелина пред публиката, а потоа ги замоли сите присутни за голем аплауз. Таа влезе во студиото во долг црн фустан со едноставен крој кој ги откриваше нејзините раце.

Актерката беше боса, што привлече големо внимание и кај водителот на вечерната емисија и кај публиката.

„Ги заборави чевлите или“ праша Џими, на што таа одговори:

„Не, вчера го скршив палецот и се обидов да најдам чевли што ќе ми бидат удобни, но потоа решив дека нема да носам ништо“.

И така цело време седеше Анџелина Џоли, а судејќи по фотографиите се чувствуваше повеќе од удобно.

Би можело да ве интересира

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Skype заминува во историјата