Анџелика Кербер ја издаде „голема тајна“ за Ана и Бастијан

Од:

Германската тенисерка Анџелика Кербер ја откри „големата тајна“ на нејзината колешка Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

Имено, во интервјуто за германскиот магазин „Бунте“ Кербер, која победи на недомна завршениот турнир Австралија Опен, најави дека српската тенисерка и германскиот фудбалер наскоро ќе се венчаат.

– Ана и Бастијан меѓу првите ми ја честитаа победата во Мелбурн. Ана ми е една од најдобрите пријателки. Двајцата ми се многу слатки и затоа многу се радувам поради нивната свадба, изјави германската тенисерка со полско потекло.

Таа сепак на време се сетила и ја прекинала приказната, па не ги обелоденила деталите за венчавката.

– За жал не можам да ви кажам кога ќе биде организирана. Нека остане тоа слатка тајна, додава Кербер.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ