Андреа не влезе во финалето на Евросонг

Од:

Македонската претставничка на Евросонг, Андреа Коева не се пласираше во финалето на Евросонг. Таа настапи 11 -та по ред на втората полуфинална вечер во Торино со песната Circles.

Од втората полуфинална вечер во финале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска,Естонија,Австралија, Шведска, Романија и Србија. Додека од првата во финале се пласираа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Од големата петорка, своите настапи ќе ги претстават Англија, Германија и Шпанија.

Финалето на Евросонг ќе се одржи на 14 мај, а ќе пеат претставниците на 25 земји.

Од МРТ информираа дека по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледале сите аспекти за евентуално повлекување на нашата претставничка од Евровизија.

„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштението на МРТ.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

ВИДЕО: Лук Блек е српскиот претставник на Евровизија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хрватска на Евровизија со песна за Путин: Мал подол психопат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Дали оваа песна ќе победи на Евровизија?