Ананасот содржи ензим кој ги разложува протеините и го поттикнува варењето, така што претставува одличен диуретик.
Затоа и се препорачува во текот на држењето диети. Ова јужно овошје содржи значителни количества витамин Ц, минерали и влакна кои ја забрзуваат работата на цревата и го поттикнуваат варењето.
100 грама ананас има:
– 85 г вода
– 25 мг витамин Ц
– 1 г растителни влакна
– 175 мг калиум
– 16 мг калциум
Енергетската вредност на ананасот изнесува 55 калории.