Анализа на крвта помага при одвикнување од цигари

Од:

Анализа на крвта би можело да им помогне на луѓето да изберат најдобра стратегија за одвикнување од цигари, сметаат научниците.

Едно истражување покажува дека дури 60 отсто од луѓето кои се обидуваат да ги остават цигарите повторно му се враќаат на овој порок уште во првата недела од донесувањето на одлуката.

Меѓутоа, истражувачите сметаат дека анализата на брзината на разложување на никотинот може да помогне за трајно ослободување од оваа штетна навика.

Никотинот е состојка на цигарите и една од супстанците кои предизвикуваат најсилна зависност. Лицата кои пушат имаат потреба за доза на никотин многу брзо откако ќе ја испушат последната цигара, што ги спречува во обидите да го остават тутунот.

Научниците сметаат дека лицата кои побрзо го разложуваат никотинот можеби повеќе имаат потреба за цигара и потешко се одлучуваат да го остават пушењето.

Во последното истражување на Универзитетот во Пенсилванија се следени 1.240 лица кои биле на различни програми за одвикнување од пушење. Им биле земени примероци од крвта на сите учесници во истражувањето, со цел да се види со која брзина го разложуваат никотинот. Потоа биле поделени во три групи од кои секоја добила друг вид на помошно средство за откажување од цигари: никотински фластер, лекот варениклин или плацебо таблета.

Научниците откриле дека лицата кои го разложуваат никотинот со нормална брзина полесно ги оставаат цигарите со помош на лекови, отколку со помош на никотински фластер.

Анализите на крвта кои ја проверуваат брзината на разложување на никотинот моментно се користат во истражувањата, но експертите тврдат дека можат да се прилагодат и за широка употреба.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска