Американската ФДА одобри продажба на првата женска „вијагра“

Од:

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука да се пушти во продажба првото апче, што ја зголемува сексуалната желба кај жените.

Тоа претставува пресвртница во фармацевстаката индустрија, која сака да го повтори големиот успех на лекот за импотентност кај мажите.

Сепак, строгите мерки за безбедност при употреба на апчето „Адуи“ покажуваат дека тоа најверојатно нема да постигне ист успех како и „Вијагра“, што донесе милијарди долари на компанијата производител од крајот на 90-тите години.

„Адуи“ ќе содржи предупредување дека во комбинација со алкохол, апчето може да предизвика низок крвен притисок и напади. Тоа, исто така, не може да се користи заедно со други, често препишувани лекови. Апчето е првенствено наменето за жени на возраст пред менопауза, кои имаат пад на сексуалната желба, наведува ДПА.

– Тоа не е апче што се пие еден час пред секс. Треба да се пие секој ден во период од недели и месеци, за да се почувствува ефектот, изјави Лионор Тифер, психолог и организатор на петицијата против „Адуи“.

Апчето „Адуи“ е производ на фармацевтската компанија „Спраут фармацутикалс“. Тоа беше двапати претходно одбиено од ФДА. Последанат одлука доаѓа откако комисијата во јуни одобри тоа да биде пуштено на пазарот под засилени мерки за безбедност и задолжителна продажба на рецепт.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска