Специјалистите од Alpina со нетрпение ја очекуваа новата генерација на серијат 3 на BMW и после една година напорна работа ја најавуваат отровната Alpina B3 Bi-Turbo.
Доработен бензинецот твинтурбо од 3.0 литри е навиен толку многу што истискува 410 КС во дијапазон меѓу 5.500 и 7.000 врт/мин. Менувачот е познатиот 8 степен автоматик на ZF, со посебно пресметани преносни односи.
Од место до 100 km/h забрзува за 4 секунди, но исто така е способен да штеди. Со оптимизација на сите компоненти постигнат е просек од 7,9 l/100 km или 20% помалку од претходникот.