Алкохолот поштетен од дрогата

Од:

Познатиот британски експерт за опојни дроги, професор Дејвид Нат по спроведенто истражување утврдил дека алкохолот е поштетен од хероинот, екстазито и крек кокаинот.

Нат и неговиот тим спровеле истражување во чии рамки ја следеле зависноста од штетни супстанци, вклучувајќи алкохол, хероин, крек кокаин, метамфетамин, канабис, екстази и ЛСД. Научниците го земале предвид влијанието на сите овие дроги врз телото, на трошоците на здравствениот систем и затворите.

Анализата покажала дека хероинот, крек кокаинот и метамфетаминот се најштетни за поединците, додека алкохолот, хероинот и крек кокаинот се најопасни кога е во прашање влијанието на општеството во целост.

Научниците за потребите на истражувањето развиле сложен систем на бодување, во кој алкохолот се покажал како најштетен бидејќи собрал 72 од 100 бодови, а по него следеле хероинот со 55 бодови и крек кокаинот со 54 бодови. Цигарите добиле 26 бодови, а канабисот 20.

Професорот Нат бил советник за опојни дроги во поранешната британска влада, но од оваа функција е сменет поради своите контроверзни ставови за дрогата и алкохолот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска