Алергијата претставува неправилно функционирање на уминиот систем. При алергија организмот бурно реагира на некои материи од нашето природно опкружување, кои инаку не се штетни. При алергиска реакција обично настанува воспален процес проследен со различна симптоматологија, како што е алергиска грозница, екзем, астма и др.
Во здрав организам антителата не штитат од вируси , бактерии и инфекции. Кај aлeргијата, имунот систем погрешно препознава одредени алергии како напријатели и почнува да создава антитела за да се одбрани од нив. Таквите антитела, кои се нарекуваат имуноглобулини ( ИгЕ), се врзуваат за мастоцитите кои ги има на површината на кожата, во носот, во кожата, очите, блите дробови и гастроинтестиналниот систем. Кога антителата , го “ фаќаат” и ги стимулираат мастоциите да создаваат хистман, при што настанува алергиска реакција.
Симптомите на алергиска реакција зависат од тоа на каков начин навлегува алергенот во телото. Најчесто се во форма на поленска грозница, уртикарија, ринитис, синуситис и др. А најчести алергии кои предизвкуваат алергиска реакција се : поленот, храната, убод од инсект, лековите, латексот и никелот.
Терапијата која дејствува кај алергиите делува на намалување и ублажување на симпомите од алергија. Таквите лекови ја блокираат реакцијата на имунот систем или , во потешки случаеви, го потеснуваат дејството на имунот систем со помош на локални и системни стероиди.
Доц. Д-р Сара Кочишки Адраманова