Индепендент – Лондон
За нас повеќето луѓе, да се стане милијардер е сон кој никогаш нема да се оствари пред да умреме.
А сознанието дека Александра Андерсен влегла на листата на милијардери на Форбс е дури и тешко да се проголта.
Се проценува дека деветнаесет годишната тинејџерка е „тешка“ околу 1,2 милијарди долари, со што таа е најмладата милијардерка на светот. Нејзината 20-годишна сестра Катерина исто е сопственик на 1,2 милијарди долари, благодарение на 42,2 проценти од акциите во компанијата Ферд холдинг која таа и нејзината сестра ја поседуваат.
Нејзиниот татко ги префлил акциите на ќерките во 2007, но тој се уште ја има контролата врз компанијата.
Која е таа?
Андерсен е ќерка на Јохан Андерсен, норвешки инвеститор од Осло.
На 11-годишна возраст, Андерсен учела во државното училиште Форес Сандле манор во Фордингбриџ, една година пред да го продолжи образованието во Осло, објави Телеграф.
Сега таа студира социјални науки на Универзитетскиот колеџ во Амстердам и воопшто не покажува никакви знаци да се престрои и да стане активен сопственик на семејната компанија.
Таа е исто така коњички тренер која е целосно посветена на нејзините коњи на инстаграм. Нејзината страст кон коњите е централно во нејзиниот живот и победила на три шампионати за коњички тренери, Андерсон сега е фокусирана на својата професионална јавачка кариера. За Еуродресаж во 2015 таа изјавила: „Токму ова сакам да го правам до крајот на животот, да јавам“.
Се смета дека е во врска со Јоаким Толефсен, 24 годишен професионален тренер на мешани боречки вештини.
Од каде доаѓаат парите на нејзиното семејство?
Од тутун. Семејството бил во тутунскиот бизнис со нивниот бренд Тијдеманс се до 2005 година, пред да ги продадат нивните акции на Скандинависк тобакскомпани за скоро 500 милиони долари. Сега инвестициската компанија Ферд воглавно управува со хеџ (инвестициски) фондови.
Зошто е во моментов таа популарна?
Името на Андерсен од неодамна се појави во насловните заради нејзиниот статус како најмлад милијардер на светот. Сепак, таа живеела сосема анонимно се до нејзината 17-та година, кога норвешките власти почнале да објавуваат статистика за годишниот даночен поврат.
Што прави таа со своите пари?
– Практично, постојано штедам, тоа постојано го правам, рече Андерсон за корпоративното списание Ферд во 2015 година. „Штедам кога добивам неделен џепарлак, и ги штедам парите од победите на натпреварите ако добијам парична награда, или пак ги чувам парите кои ќе го добијам за роденден. Мислам, можам да си купам се што ќе посакам, како чанта или чевли, без да им побарам пари на мама или тато“.