Албумот на Курт Кобејн со необјавени песни кон крајот на годината

Од:

Новиот албум на Курт Кобејн со досега необјавените песни ќе биде издаден кон крајот на оваа година, изјави режисерот на документарниот филм за животот на Кобајн, Брет Морген, јави Индепендент.

„Kurt Cobain: Montage of Нeck“ е наслов на филмот, а Морген вели дека на албумот има „снимки од кои ќе ви се чини дека се дружите со Курт во текот на топол ден во Олимпија во дравата Вашингтон„.

Морган доби неограничен пристап до „магацинот“ на Кобајн каде треба да „копа“ низ кутиите полни со домашни видео материјали и ленти, а пронајде 200 часа досега нобјавени материјали.

– Тоа навистина ќе изгледа лудо. Да биде појасно, тоа не е албум на Нирвана, тоа е Курт и ќе слушнете работи кои од него никогаш не би ги слушнале, рече Морген.

Меѓу материјалите кој ги пронајде Морген најдени се и обратки на Кобан од Битлси. Многу снимки ни неговата сопруга Кортни Лав никогаш не ги слушнала, ниту пак знаела дека постојат.

„Kurt Cobain: Montage of Heck“ е прв официјален авторизиран докуменатарен филм за животот на несреќниот фонтмен на Нирвана. Извршен продуцент е ќерката на Кобајн, Френсис Беа.

Премиерата беше вчера на HBO- на 4 мај.

Би можело да ве интересира

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“

Ана Ололовска

Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија

Ана Ололовска

Домот на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд чини речиси милион долари

Ана Ололовска

Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари

Ана Ололовска

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Најскапиот џемпер на светот: Го носеше Курт Кобејн, не е испран, има дупка, а чини 334.000 долари

Татјана Ташкова