Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија

Од:

Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија.

Албумот е издаден пред точно 30 години, во 1991., а на фотографијата, Спенсер Елден е целосно гол во вода и посегнува по банкнота-мамка од еден долар. По три децении тој смета дека тоа е силна алузија за детска порнографија и проституција.

„Обвинетите намерно комерцијално го употребија Спенсер во детската порнографија и ја искористија шокантната природа на неговата слика за да се промовираат себеси и нивната музика на негова сметка“, се вели во тужбата, поднесена во Калифорнискиот окружен суд во САД.

– Обвинетите користеле детска порнографија која го прикажува Спенсер како суштински елемент на шемата за промоција на плочата, која најчесто се користи во музичката индустрија за да привлече внимание, при што корицата на албумот ги поставува децата на сексуално провокативен начин за да добијат озлогласеност, да придонесат за продажбата и да привлечат медиумско внимание и критички погледи.

Тужителот бара по 150.000 долари од повеќе претставници на составот „Нирвана“. Притоа, засегната е и Кортни Лав, како наследничка на починатиот Курт Кобејн, но и неколку други негови наследници.

Инаку, иако Елден ја изимитирал својата поза за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот, сега вели дека не добил повеќе од оние 200 долари што ги зеле неговите родители за оригиналната слика. На последната имитација на сликата од 2016., Елден има и тетоважа со насловот на албумот.

Би можело да ве интересира

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“

Ана Ололовска

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Најскапиот џемпер на светот: Го носеше Курт Кобејн, не е испран, има дупка, а чини 334.000 долари

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Четири непознати демо снимки на Нирвана објавени на YouTube

Ана Ололовска

Џемпер и прамен од косата на Курт Кобејн ставени на аукција

Ана Ололовска

Курт Кобејн бил убиен? Фрлен сомнеж на Кортни Лав

Ана Ололовска