(ВИДЕО) Најскапиот џемпер на светот: Го носеше Курт Кобејн, не е испран, има дупка, а чини 334.000 долари

Од:

Волнениот кардиган на лидерот на групата Нирвана, Курт Кобејн, беше продаден на аукција во Њујорк за 334.000 американски долари.

Џемперот со копчиња кој го носеше Кобејн во 1993 година на „Unplugged“ на МТВ, продаден е, а не е испран речиси три децении и на него има и дупка од цигара, пренесе Би-Би-Си.

Не е познато кога точно музичарот го носел џемперот последен пат, но проценето е дека тоа е најскапиот џемпер некогаш продаден на аукција.

Претседателот на аукциската куќа „Џулиенс“, Дерен Џулиен го нарече ова парче облека „светиот грал на сите парчиња облека што музичарот ги носеше“.

Поради огромниот успех постигнат од групата Нирвана, основана во 1987 година, Кобејн со години се бореше со славата, со депресија и зависности од дрога и се самоуби во април 1994 година, на 27-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“

Ана Ололовска

Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија

Ана Ололовска

Домот на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд чини речиси милион долари

Ана Ололовска

Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари

Ана Ололовска

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Четири непознати демо снимки на Нирвана објавени на YouTube

Ана Ололовска