Актерите од серијата Game of Thrones го дознаа конечниот расплет, додека публиката ќе чека до 2019 година.
Актерката Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк изјави дека последната сцена и оставил горчливо-сладок вкус во устата. Таа додаде дека крајот на приказната и предизвикала тага, но и гордост.
– Продуцентот на целата екипа ни го прочитаа последното сценарио. Беше многу емотивно. Во еден момент сите плачевме. Потоа станавме и почнавме да аплаудираме, истакна Тарнер.
Таа изјави дека последната сезона е многу возбудлива.
– Не очекуваат уште фантастични елементи и епски борби. Во оваа сезона ќе има многу поголема поврзаност помеѓу ликовите од претходно. Не очекуваат многу сплетки и нови сојузи, наведе Тарнер.