Ако направите 80 отсто од наведеното, сте „успеале“ да го уништите вашето дете!

Од:

Следат неколку препораки и совети за родителите кои „сакаат да го уништат“ своето дете: 

1. Исполнете му ја секоја желба и уверете го дека целиот свет се врти околу него.

2. Кога ќе каже некоја пцовка или лош збор смејте се од се срце и вашето дете ќе поверува дека тоа е многу забавно.

3. Никогаш не му зборувајте за моралот, не му зборувајте ова не е добро, ова смееш да го правиш, а ова не смееш. Не му зборувајте за должностите и обврските.

4. Секогаш правете ги работите наместо него и ослободете го од секоја обврска.

5. Расправајте се секогаш пред него и нема да се зачуди ако што било се случи во семејството.

6. Давајте му пари секогаш кога ќе побара и нека ги троши како сака. Ако вие сте пателе, не мора и вашето дете.

7. Исполнете му ја секоја желба кога станува збор за јадење и пиење.

8. Секогаш бидете на негова страна кога некој ќе го нападне, учител, професор, сосед… Така ќе го образувате со уверување дека секогаш е во право.

9. Кога ќе наиде на каква било непријатна ситуација, речете му дека вие сте виновни и така ќе го ослободите од секаква одговорност.

Ако направите 80 отсто од наведеното, бидете задоволни, сте ја оствариле целта. Сте го упропастиле вашето дете. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска