Психолозите велат дека децата често се служат со лаги ако родителите се неразумно строги. Ако во последно време детето сте го фатиле дека лаже можеби би требало да го преиспитате својот стил на родителство.
Психолозите велат дека на лажење често се одлучуваат децата, чии родители се многу, многу строги, а она што е впечатливо е дека таквите деца се повешти во лажењето, јави британски „Индипендент“.
Децата не се виновни. Ако толку многу се плашат од родителите, нивните реакции и казни за кои знаат дека можат да бидат страшни, тогаш во тие мали глави лажењето делува како единствен излез.
Работата е во тоа што, кога родителите владеат со „челична тупаница“, децата не чувствуваа доволно сигурно дека во секој момент можат да ја кажат вистината. Значи ако вашето дете лаже тргнете од себе. И запрашајте се дали навистина е важно дека во вакви моменти „да се знае редот“ и „се да бида на свое место“ или детето да не се плаши од вас.
И немојте никогаш да заборавите кога децата се во прашање коренот на лагата секогаш е единствено во стравот.