„Акција „Розови и здрави“ се одржува овој месец во Скопје во рамки на која потрошувачите може да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката. Во рамки на акцијата денеска во неколку поголеми маркети во Скопје беа поставени првите информативни пунктови.
– Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена, изјави на еден од пунктовите, претседателот на Здружението „Борка-за секој нов ден“, Биба Додева
Средствата кои ќе се соберат во рамки на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.
Потрошувачите може да дадат свој придонес во борбата со болеста преку купување Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка.