Во рамките на глобалната кампања за поддршка на борбата со карцином на дојка, симболот на Париз, Ајфеловата кула синоќа беше осветлена во розова боја.
На Ајфеловата кола е прикажана и розова панделка која е симбол на борбата против карцином на гради.
Во Франција 23 години по ред се се одржува кампања за поддршка во борбата со карцином, а покрај Ајфеловата кула, синоќа во розова боја блесна и најголемата зграда во земјата, кулата Монпарнас.
Организаторите најавуваат дека во текот на октомври преку манифестации ќе се укажува на важноста на борбата против карциномот на дојка.
Меѓу стотиците туристи кои синоќа се собраа во центарот на Париз беше и Американката Мери Малвинсон која изјави дека таа го имала и успеала да го победи карциномот на градите.
– Ова е посебен ден за мене. Сите членови на заедницата мораат да го дадат максимумо со цел да ги поддржат истражувањата поврзани со лечење на карциномот на дојка, порача Малвинсон.
Годишно од рак на гради заболуваат во просек околу 50.000 жени, а оваа болест е најчеста причина за смрт кај жените со старосна граница од 35 до 65 години.