ВИДЕО: Влезе во морето, не забележа кога ја прободе, веднаш префрлена во болница

Од:

Кристи О’Брајан од Флорида се сретна со својата смрт, а целиот трауматичен настан ја потсети на познатиот австралиски ловец на крокодили Стив Ирвин. И нејзе на плажата во Тампа ја прободе ража во грбот, за среќа и ги промаши белите дробови за само 10 сантиметри!

Кристи уживала на плажа со сопругот Томас за да избега од неподносливите горештини и решила да се освежи меѓу брановите. Сепак, набрзо почувствувала пецкање на грбот. Кога погледнала зад неа, огромен бодеж и ѕиркал од рамото и сфатила дека имала блиска средба со ража.

Веднаш била префрлена во болница, каде на трауматолошкиот оддел и го отстранил делот од ражата и ја третирале раната за да се спречи труење.

“Вчера, додека бев на плажа, ме прободе ража. Истата ража која го повреди Стив Ирвин и за малку ќе ми ги дупнаше белите дробови. Промаши за неколку сантиметри. Никогаш не сум била толку исплашена и всушност мислев дека ќе умрам, но Томас беше до мене и ме смири“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

„Сè уште е неверојатно болно, како налети на болка, и велат дека е тоа од токсините во самата ража“, изјави таа за Fox13.

„Помина низ мускулот, се уште има токсини“, додаде таа.

О’Брајан моментално е во болница каде што ќе остане уште 7 дена за лекарите да се уверат дека не добила бактериска инфекција.

Овој инцидент потсетува на шокантната и трагична смрт на австралискиот ловец на крокодили, Стив Ирвин. Во 2006 година, тој беше убиен од ража додека снимаше на Големиот корален гребен.

Врз основа на бојата и големината, најверојатно станува збор за ража која според Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида, е неагресивен вид и кој обично не е опасен за луѓето.

Би можело да ве интересира

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за ученикот кој падна од прозорец

А1он

17 годишно момче доживеа струен удар, се качил на цистерна вагон

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Се преврте камион, затворен автопатот од Демир Капија до Смоквица

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Струмичанец починал по задушување од пожар предизвикан од греалка