15 години од смртта на Лејди Ди

Од:

На 31. август 1997 година во трагична сообраќајна несреќа што се случи во еден тунел во Париз, својот живот го изгуби принцезата Дијана.

Нејзиниот живот беше како бајка, ја нарекуваа „кралица на срцата“. Беше позната по својата добротворна работа, убавината и беспрекорниот вкус и стил, со кои допре целиот свет.

Кон смртта отиде со својот тогашен љубовник Доди Ал Фајед, син на бизнисменот Мохамед Ал Фајед во трагичната несреќа што се уште се смета за мистерија и постојат неколку теории за заговор, односно убиство на двајцата.

Контроверзниот автор на документарни филмови, Кит Ален за инцидентот го посочува како главен виновник кралското семејство.

Принцот Чарлс се сретна со Дијана Спенсер во 1977 година, а романсата меѓу нив започна три години подоцна. На нивната свадба присуствуваа 3.500 гости, а церемонијата преку тв – екраните ја проследија 750 милиони луѓе.

Во 1992 години во британскиот парламент беше објавено разделувањето на кралскиот пар, а бракот официјално им заврши на 28. август 1996 година.

Една година подоцна, на 31 август 1997 година, поранешната принцеза од Велс загина во сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство