Пред точно 137 години, Александар Бел ја изговори првата реченица преку телефон која гласеше:
„Господине Вотсон, дојдете! Ми требате!“.
Бел го патентираше својот изум и ја основа телефонската компанија Бел. Александар Грем Бел е роден на 3 март 1847 година во Единбург.
Беше научник и иноватор, а освен работата на полето на технологијата, заслужен е и за важни откритија во авијацијата и морепловството.
Почина на 2 август 1922 година.