Зврлевски незаконски си ги зголемил платите за време на техничка влада

Од:

Користејќи ја ситуацијата во државата, Марко Зврлевски ги зголемил платите за 20% иако немаат право на тоа кога се уште функционира техничката влада, дознава А1он.

При покачувањето на платите, јавните обвинители се повикале на додаток на плата за посебни услови при работа, додаток на плата за постоење висок ризик, додаток на плата за доверливост или додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа.

Оние обвинители кои се повикале на последната точка, односно „додаток на плата за ноќна работа, табота во смени и прекувремена работа“ биле исплатени околку 1.000 евра.

Зврлевски забранил зголемувањето на плата да биде јавно објавено затоа што е незаконски и затоа што ќе предизвика револт кај народот и кај судиите кои досега земале плата на ист ранг судии и обвинители како и кај судската служба која 62 работни дена штрајкуваше поради исто зголемување на платите. По штрајкот, Зврлвски го повлече зголемувањето кое сега во тајност го враќа, а штрајкувачите беа прогласени како поттикнати од опозицијата, по што претедателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски ги казни 2 месеци со 40% од платите.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски

Поднесено е обвинение за 19-годишник осомничен за неколку тешки кражби во Скопје

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски