Зврлевски: Не реков за обвинителството на Катица Јанева дека е политичко

Од:

Јавниот обвинител Марко Зврлевски во вечерашното интервју на Телма тврдеше дека не ја нападнал и не ја опструира специјалната обвинителка Катица Јанева, не кажал дека специјалното обвинителство е политичко обвинителство, не знаеше која компанија стоела зад Телма телевизија, па дури и дека ако имал докази ќе подигнел обвинение и против Груевски и против Мијалков.

„Не бранам никого. Јас верувам во Јавното обвинителство“, Зврлевски одговори на прашањето од водителот, дали како што кажал еден негов претходник е последната будала или последниот мохиканец кој ја брани оваа власт.

Чомовски емитуваше снимка од бомбите на Заев од разговор меѓу Јанкуловска и Ставревски во која министерката Јанкулоска му кажува на министерот за финансии Зоран Ставрески дека му дала задача на Зврлевски да затвори постапка која се водела против Ставрески. Марко Зврлевски негираше дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска му се јавила за да интервенира за судски предмет.

Би можело да ве интересира

Почина Марко Зврлевски

Ландов

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Ана Ололовска

Maрко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоевски: Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договара наредбите

Ана Ололовска

Советот на обвинители треба да назначи в.д. на местото на Зврлевски

Ана Ололовска

Димков: Постапката за разрешување на Зврлевски е целосно незаконска

Наум Локоски