Зврлевски ја чека пријавата од СДСМ

Од:

До крајот на вчерашниот работен ден до Основното јавно обвинителство не била доставена кривична пријава од СДСМ за случајот со прислушувањето, тврди јавниот обвинител Марко Зврлевски за Радио Слободна Европа. вели дека од кога ќе ја примат кривичната пријава, ќе постапуваат по случајот.

Од СДСМ пак информираат дека пријавата ќе биде поднесена деновиве.

Еве што изјави вчера Заев:

„Кривичната пријава е против Сашо Мијалков, Горан Груевски началник на 5-татa управа, НН лица кои работат во државните тајни служби. Потенцирам дека за оние кои се охрабриле и одважиле ќе бараме со самата пријава користење на т.н Whistle blowers, во нашиот закон е предвиден само во тој член 151 став 5 од Кривичниот законик. Прво очекуваме дека сепак постои тронка надеж, како што овие луѓе од УБК беа храбри и од обвинителството ќе се јават храбри луѓе. Сите заедно сме камче од мозаикот наречен Македонија. Јас до крај не губам надеж во кој било граѓанин во нашата земја, така и во Јавното обвинителство. Јавно неколку пати наназад соопштивме, ние немаме верба во правосудниот систем на нашата земја, но истовремено заради таа надеж испратив порака, ќе бидат херои на новото време. Ќе симнам капа јавно само ако ја почитуваат законитоста и уставноста во постапката на предметот којшто е отворен против мене и неколку луѓе кои се во притвор и на предметите коишто од почнуваме да ги поднесуваме како кривични пријави“.

Би можело да ве интересира

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?