Зврлевски го менуваат, тој во обид да ги избере „неговите“ обвинители

Од:

Јавниот обвинител Марко Зврлевски и претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски по трет пат ќе се обидат да извршат избор на четири обинители во Обвинителството за организиран криминал, дознава А1он.

Првиот пат, пропадна обидот бидејќи не собра дволен број гласови од обвинителите – членови на Советот за да го изгласаат денвниот ред, а во вториот обид немаше кворум за одржување на седницата. Еден член на Советот на јавни обвинители ја напушти седницата и таа беше укината поради немање кворум за работа.

Потегот на Зврлеевски следува дури и откако владата покрена иницијатива за негово разрешување. И Зврлевски и Аневски досега го толерираа присуството и гласањето на Зоран Сулејманов кој уште пред три месеци ги исполни условите за пензија и по сила на закон нема право ниту да присуствива, ниту да гласа.

Со изборот на овие обвинители кои ги “турка“ Зврлевски, би се обезбедила доминација во најважниот оддел, јавното обвинителство за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Почина Марко Зврлевски

Ландов

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Ана Ололовска

Maрко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоевски: Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договара наредбите

Ана Ололовска

Советот на обвинители треба да назначи в.д. на местото на Зврлевски

Ана Ололовска

Димков: Постапката за разрешување на Зврлевски е целосно незаконска

Наум Локоски