Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Од:

Поранешниот државен јаавен обвинител, Марко Зврлевски, минатата година дал исказ пред петчлената дисциплинска комисија во Јавното обвинителство за непостапувањето на обвинителите за „крвавиот четврток“.

Тој, според нашите информации, бил повикан да ја каже неговата верзија за состанокот кој се одржал вечерта на 27 април 2017 година, на кој биле присутни тројцата обвинители Златко Биковски, Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски кои се под дисциплинска постапка од мај 2018 година.

Вечерта на средбата било одлучено да не се излегува веднаш на увид поради безбедноста на обвинителите. Колегиум во кој членуваат и виши обвинители не бил свикан.

Според информациите, досега дисциплинската комисија сослушувала сведоци кои ги предложиле посочените обвинители. Одлука дали ќе има дисциплинска одговорност за несоодветното постапување на обвинителите би можело да се очекува во текот на месецот.

Обвинителството за тројцата обвинители покрена дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за „крвавиот четврток“. Обвинителите се испитуваат дали има нивна одговорност дека не бил извршен увид на местото на крвичниот настан.

Увид бил направен следниот ден в петок на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард дискови со снимките од Собранието. Предметот во јули 2017 година е предаден на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески