Звонко Богдан и Нино Величковски приредија спектакл на отварањето на втората Боемска улица

Од:

Бардот на староградската музика, Звонко Богдан, и македонската легенда, Нино Величковски, приредија вистински спектакл на отварањето на втората Боемска улица во Дебар Маало. Повеќе од илјада присутни граѓани има можност во живо да ги слушнат најпознатите хитови на Богдан и Величковски, уживајќи во прекрасната новогодишна атмосфера на украсената Боемска.

Настанот во организација на општина Центар беше целосно финансиски поддржан од домашните реномирани брендови Скопско, Тиквеш и Пелистерка. Со греано вино и мезе приготвено од локалните ресторани, атмосферата беше совршена за безвременско уживање и дружба. На настанот пригоден говор и краток настап имаше македонскиот боем, пеач и композитор, Зафир Хаџиманов.

Боемската улица ќе биде место каде граѓаните ќе може да уживаат во духот на старо Скопје. Со проектот е предвидено ограничено движење и паркирањена возилата по улицата, со што скопјани ќе добијат нова пешачка зона и можност за одмарање на под сенките на старите и нови костени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар