Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа нагласи дека Министерството континуирано продолжува со спроведување на мерки против аерозагадувањето. Потенцира дека се спроведува Акцискиот план, кој е на сила од ноември 2025 година.

-Министерството контринуирано продолжува со спроведување на сите мерки кои имаат иста цел – подобрување, односно заштита на амбиентот од загадување. Во тек е Акцискиот план кој се спроведува, краткорочен и конкретен план, кој Владата го има изгласано во октомври и е на сила од ноември 2025 година до март 2026 година. Загадувањето е еден проблем кој ги загрижува сите граѓани и тие треба да живеат во подобар воздух, рече Хоџа одговарајќи на пратеничкото прапање на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил.

Потенцира дека се спроведува и подолгорочен план од 2024 до 2030 година.

Во однос на прашањето на Исмаил дали е крајно време да и се одземе привремено А инегративната дозвола на УСЈЕ додека не се реши исходот од кривичната пријава поднесена од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Хоџа рече дека бидејќи само еден ден е министер на пратеникот ќе му одговори писмено.

Би можело да ве интересира

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата