Чавков со апсурдни теории се обидува да се оправда за вчерашниот настан

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков е посочен како главен виновник за хулиганските напади во Собранието. Во негова одбрана тој изјави дека полицијата немала дојава за побрза интервенција при нападот на Собранието. И додека јавноста се прашуваше каде е полицијата, Чавков не знаел дека треба да интервенира за нападот кој директно се пренесуваше на интернет и ТВ екраните. Тој се крие позади теоријата дека доколку полицијата интервенирала при влегувањето, ќе дошло до голем број повредени цивили.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев изјави дека веднаш очекува оставка од Чавков и му порача да бега што подалеку.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го посочи Чавков како директен виновник за вчерашните случувања. Додека демонстрантите влегуваа во Собранието, министерот Нухиу неколку пати го побарал Чавков, но тој не бил достапен за него.

Оперативниот штаб чиј раководител е Митко Чавков имал план како да делува во три ситуации и тоа во случај на мирни протести, во случај на избирање на претседател и во случај на избирање на влада. Припадниците делуваа, но со оглед на уништеното Собрание и раскрварените глави на пратениците по се изгледа предоцна. Дури во 23 часот полицијата со шок бомби успеа да го испразни Собранието и да ги извади заробените новинари и пратеници кои се криеа по просториите на објектот.

Поради задоцнетото делување на полицијата во вчерашниот инцидент, со оперативниот штаб повеќе не раководи Чавков, туку министерот Нухиу.

Од снимките на новинарските екипи може да се забележи како униформирани припадници на полицијата се поздравуваат и прегрнуваат со демонстрантите кои веќе беа влезени во парламентот каде речиси 4 часа ги држеа новинарите и пратениците во заложништво.

Според јавноста и пратениците, голем дел од насилниците кои носеа црни качулки се припадници на МВР. Добро организираните насилници откако влегоа во Собранието точно знаеа каде да се движат и како да дејствуваат врз пратениците и новинарите.

По наредба на министерот Нухиу формирани се тимови, а вклучен е и одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди за расчистување на случајот и увид на постапките на сите припадници на полиција кои вчера беа опфатени во распоредот за работа во периодот од нарушување на јавниот ред и мир до расчистување на истиот, во Собрание и надвор од него.

Нухиу вети дека случајот во кој беа повредени 83 лица од кои 25 припадници на полицијата, 54 цивили, 3 пратеници и 1 новинар ќе биде расчистен но, откако ќе обезбеди мирен трансфер на власта ќе побара оставка од функцијата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски