СДСМ: Зошто Мицкоски молчи за средбите со Палевски, што крие?

Од:

Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, кој е осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност.

Зошто Мицкоски молчи за средбите, за тоа што се разговарало и договарало, што крие?

Обидите за маниупалација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.

Особено што јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Затоа, надлежните органи имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и со Христијан Мицкоски, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Продолжува сведочењето на Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

„Кажете само колку пари треба“, таткото на Вања напишал порака за откуп во погрешна група па ја избришал

Катерина Ѓуровски

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Палевски и соработниците седнуваат на обвинителна клупа, почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Одобрено е обвинението против Љупчо Палевски

Горан Наумовски