Зошто македонските уметници молчат?

Од:

Демонстрациите кои масовно ги кренаа на нозе турските граѓани, покажаа дека во Турција постои граѓанско општество. Протестите кои започнаа заради тоа што граѓаните на Истамбул не сакаа единствениот парк во центарот на градот да се исече и да стане трговски центар, од еколошки заради незадоволството на граѓаните од владата со премиерот Реџеп Тајип Ердоган и по интервенциите на полицијата преминаа во антивладини демонстрации.

На протестите кои од Истамбил се проширија низ повеќе градови во државата, беа забележани голем дел од турските актери. Иако можевме да видиме дека македонската јавност во текот на протестите, најмногу по социјалните мрежи ја поддржува турската уметничката фела, никој не се запраша каде се македонските културни работници кога граѓаните на Македонија се на улиците и протестираат. Ако се воодушевуваме дека познатите Султан Сулејман и Шехерезад донираат пари за лекови, зошто никој не се запраша каде се уметниците кога се сече зеленилото во Центар или кога се предлага предлог закон за бременост кој се коси со човековите права.

sinolicka

Синоличка Трпкова, актерка и професорка на ФДУ во Скопје, за А1он вели дека таа била пред турската амбасада во Скопје, додека кордонот војска и полицајци константно ги прашувале колку долго ќе трае протестот и што имаат намера понатаму да прават.

Општ е впечатокот во јавноста дека одреден дел од македонската уметничка фела зазема страна, учествува во политички дебати или пак прифаќа раководни општински позиции.

Трпкова вели дека нејзините колеги најчесто остануваат неми на случувањата бидејќи не сакаат да жртвуваат од своето време и џеб за никого, додека таа својата кариера ја употребува корисно, најчесто онаму каде што е потребна помош.

„Не можеш во едно вакво време кога имаме социјална, економска криза и сиромаштија, ти да бидеш на страна на оној кој ја промовира таа сиромаштија односно што ја создал. Јас секогаш ќе бидам на страна на послабиот, на оној на кој му недостасува слобода и му се уништени и прегазени човековите права“, вели Трпкова, нагласувајќи дека сето тоа го прави за корист на општеството без никаква финансиска надокнада.

Maja-Canacevic-210x300Маја Чаначевиќ, директорка на Македонска филхармонија, не се согласува со општиот впечаток дека голем дел на уметниците слепо веруваат во се што ќе им се серивра и слепо се приклучуваат кон власта.

„Изборот е личен и нам може или да ни се допаѓа или не“, вели таа за А1он.

Турската уметничка фела со учеството на протестите го покажа својот критички однос кон власта, а Халит Ергенч (познат по улогата на Султан Сулејман), во интервју за српски Курир вели дека на демонстрациите излегол затоа што е против конзервативната влада на Ердоган и неправдите.

„Ќе бидам со својот народ и на улицата додека има потреба и на секоја неправда ќе одговорам со протест“, вели Ергенч во интервјуто.

Во однос на изостанувањето на критички однос кај македонските уметници кон она што се случува, Трпкова вели дека тоа е дел од карактерот на уметниците.

„Талентот и карактерот не одат заедно. Тоа е немање чувство за својата лична одговорност кон општеството. Тоа е еден вид егоизам“, додава таа.

Чаначевиќ смета дека уметниците треба критички однос најпрво да воспостават кон се, не само кон власта.

„Првенствено критички треба да се гледа кон она што секој го работи, кон она што ние го правиме кон државата, а потоа и кон она што државата го прави кон нас“, објаснува таа, додавајќи дека не се согласува дека кон сите работи треба да се гледа еднонасочно, туку секогаш да се биде објективен и конструктивен.

Нашите колеги од Турција излегоа на протести затоа што така сметаат и чувствуваат дека треба да се однесуваат, вели Чаначевиќ

„Доколку и во Македонија се појави потреба од сериозно искажување на мислењето на уметниците, не се сомневам дека и моите колеги ќе го сторат она што е потребно“, смета таа.

Последните протести на кои можевме да ги забележиме уметниците беа оние во декември минатата година кога дел од нив излегоа низ скопските улици во знак на протест против блокадата на буџетот во Собранието од страна на опозицијата. Трпкова за оваа ситуација вели дека сето тоа било невидан апсурд од кое се прави Театар на апсурд, запрашувајќи: „Кој е тој актер што се занимава со буџет?“.

Свесноста во моментов е многу ниска, и никому не му е грижа за општеството, вели таа, додавајќи дека најверојатно тој дел од културните работници не се чувствува како дел од ова општество, не сака некако да придонесе кон него, туку се чувстува како единка која треба да си ги задоволи своите лични потреби.

„На нашите уметници би им препорачала да научат солидарност“, порача Трпкова.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“