Зошто Јанушев дозволи автобусите на ЈСП да се користат за приватни цели?

Од:

Возачите на автобуси вработени во Јавното сообраќајно претпријатие денеска протестираа пред седиштето на СДСМ наводно за да изразат револт од тоа што автобус на претпријатието бил превртен ноќта на 5-ти мај по протестите пред Владата. Вработените во јавното претпријатие при тоа ја злоупотребија јавната сопственост за да го искажат своето незадоволство од опозицијата иако протестите беа спонтани и непартиски.

Наместо да им служат на патниците во сообраќајот, автобусите се најдоа пред партиското седиште со што беа искористени за лични цели иако е тоа прекршување на законите. Правото на протест е уставно загарантирано право на секој граѓанин, но не е дозволено употреба на јавна сопственост за лични потреби. Законот за спречување на корупција корупција изрично го забранува тоа во членот 25.

„Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во Јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице што располага со државен капитал е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин и за однапред определените намени. Забрането е средствата да се користат за приватни цели или да се даваат на друг на користење“, стои во законот.

Ова повлекува одговорност и кај шоферите, но и кај директорот на јавното претпријатие кој дозволил злоупотреба на имотот на претпријатието. Денеска неколку пати се обидовме да исконтактираме со директорот, Игор Јанушев но не ни одговори на повиците.

Корисниците на социјалните мрежи од утринава го исмеваат овој протест затоа што го има карактерот на контра акциите кои ги прави власта по граѓанските протести. Името на новиот директор на ЈСП, Јанушев, пак, според она што го кажа СДСМ. се појавува во една од бомбите на опозицијата која покажува негова наводна вмешаност во фалсификување на лични карти за време на предизборието.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица)

МЈ: Маријан?
МН: Повели министре.
МЈ: А бе има 300 лични карти за Струмица. Во тек си?
МН: За да се прават или треба да стигнат?
МЈ: Да се прават.
МН: Ууфф…
МЈ: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанушев, чекај да ти дадам број.
МН: Ајде.

М.В.

Би можело да ве интересира

Автобус на ЈСП се запали под Железничката станица во Скопје

На ЈСП му недостигаат автобуси за да го почитува возниот ред

Горан Наумовски

Излета автобус на ЈСП, повредени три жени кај Мавровка

ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното

Автобусите на ЈСП денеска и утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопјанец повреден при пад во автобус на ЈСП