Зошто директорот на Идризово, Живко Пејковски не потпишува за ослободување на Љубе Бошкоски?

Од:

Молк од директорот на Идризово, Живко Пејковски дали и кога ќе го потпише решението со кое треба да му ги додели трите месеци кои го следуваат на екс министерот Љубе Бошкоски за да излезе од затвор следната недела. Тој не се огласи по вчерашната прес- конференција на партијата која го обвини дека спроведува политичка наредба- Бошкоски да го држи во затвор иако треба да излезе следната недела, правилото кое исклучиво се спроведува за сите затвореници.

Партијата на Бошкоски, Обединети за Македонија, вчера го обвини директорот дека не сака да го потпише решението поради тоа што добил таква наредба од власта и го повика да постапи според законските прописи. Од таму најавија дека е известена меѓународната заедница за случувањата околу “Кампања“ дело кое веќе го побара и Специјалното јавно обвинителство, но и дека ќе ги известат релевантните фактори за тортурата која се уште се спроведува од страна на затворот и власта.

На Љубе Бошкоски казната му истекува на 5 јуни, но со оглед дека нема користено ниту еден викенд и поради добро однесување, по закон му следуваат три месеци кои директорот на Идризово сега не ги потпишува. Според партијата на Бошкоски, таквата наредба е пристигната од врвот на партијата на власт, од каде според нив, е кажано да не се пушта Бошкоски до завршување на изборите. Тие најавија дека ќе ги објавата и имињата на функционерите кои ја издале таа наредбата и ја пренеле на директорот, поради што прес-конференцијата ја одржаа пред Министерството за правда.

Дури и Хашкиот трибунал, осудените за тешки злосторства против човештвото, ги ослободуваше по две третини отслужена казна во затворот, односно добиваа отпуст и по неколку години. И во Идризово, ако се погледне листата од последните шест месеци која ја потпишувал директорот на затворот, меѓу тие што имаат добиено три месеци пред истекот на казната затвор се и осуденици на тешки кривични дела.

Според тоа, Пејковски ќе мора да одговори дали врз него се врши притисок, и доколку не се врши поради која причина одлучил да не го потпишува решението. Одговорот следната недела ќе го побараат со протести за кои од партијата побараа поддршка од сите граѓани во државава.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски