Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец.

Недостатокот од демократија и слобода во Македонија, економските проблеми на земјата, назадувањето на Македонија на европскиот пат, беа теми на разговорот.

Словенечкиот амбасадор посебно се интересираше за политичката состојба во земјава и посочи дека забелешките од последниот Извештај на Европската комисија што се однесуваат на загрозување на демократијата и слободата треба да бидат сериозно сфатени.

-Враќањето на државата на нормален колосек е приоритет од којшто СДСМ нема намера да се откаже, а тоа подразбира неопходност од обезбедување услови за изразување на слободната волја на граѓаните, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев истакна дека опозицијата е посветена на враќање на државата на граѓаните, којашто сега е узурпирана од власта во сите општествени сегменти, како и обезбедување услови за достоинствен живот на сите граѓани, наместо на поединци како што е сега.

Во европските земји се водат битки за подобрување на животниот стандард и зголемување на платите, а во Македонија за жал се води битка за враќање на елементарните права на граѓаните, слободата и демократијата беше констатирано на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Р.Словенија, Бранко Раковец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски