А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зоран Милески – Кичеец бил на 30-дневно отсуство поради неодложни лекарски прегледи

by А1он04/09/2021 - 19:2304/09/2021 - 19:273476
Share0

Зоран Милески – Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга, според болнични извори, е еден од учесниците во сообаќајната несреќа, која се случи попладневно на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта.

Добивај вести на вибер

Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.

За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30-дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата.

Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

-Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата.

Зоран Милески призна вина за случајот „Рекет“, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски и спогодбено доби најниската затворска казна. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Тој на 26 октомври 2020 влезе во Казнено поправниот дом (КПД) Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години.

kiceecsoobrakajka

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:3807/02/2026 - 12:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен