(ВИДЕО) Зоран Димов: Како знаеле дека баш таа ноќ четворица луѓе ќе ноќеваат на Гошинце?

Од:

Според генерал мајорот во пензија, Зоран Димов, кој го познава добро теренот околу Гошинце, има неколку сомнителни факти кои ја прават невозможна вчерашната случка кога, според МВР, биле нападнати припадниците на граничната полиција, заробени, а потоа ослободени.

Генералот вели дека индикативно е тоа што четворица полициски службеници се нашле во караулата баш во тој момент и тоа без соодветно возило. Дополнително збунува фактот што поминале 14 часа од заробувањето до интервенцијата на МВР.

– Се поставува прашањето што четворица луѓе правеле на Гошинце, дали ја обезбедувале границата, дали биле во инспекција на објектот, затоа што не верувам дека Гошинце е постојано поседнат. Но четворица луѓе да дојдат без соодветни средства за врски и комуникација, без соодветно возило, и тука да се најдат и баш во тој период да дојде некој да ги зароби.. тоа е индикативно. Или тие што ги заробиле совршено го познаваат планот на употреба на силите на МВР за обезбедување на границата..? Точно знаеле дека ќе дојдат во тој момент, во тој час и дека ќе ноќеваат тука, затоа што се случило во 2.30 наутро. Но некој да дојде да ве фати да ве врзе и да ви дозволи после 30 минути да си заминете, тоа е малку чудно- вели Димов, некогаш одговорен за граничното обезбедување.

Во минатото караулата на Гошинце имала директна врска со Матејче преку средствата за комуникација, а таа опрема, е вели, унапредена до сега. Од тие причини нејасно е, вели Димов, како е можно полицијата да интервенира половина ден подоцна, откако драмата завршила.

– Во 2000 година кога ни ја заробија граничната патрола, истиот момент кога патролата не одговараше на сигналот на Танушевци и не се јавуваа, беше ангажирана целата апаратура врзана за таков настан. Ние овде имаме ситуација во 2.30 се случува настанот, а ангажирање на полициски сили и одење таму, следење со камери се случува после 14-15 саати. Тоа е недозволливо – посочува тој.

Тој додава дека самиот објект се наоѓа на простор кој е тежок за обезбедување, на планина, со густа шума, и дека е возможно низ просторот да се движат четриесетина луѓе без никој да ги забележи. Тоа би значело дека локацијата е погодна за вакви сценарија, без разлика дали измислени или реални.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

Тачи – Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пронајден дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце

Ана Ололовска

Лазански: Наредбата за напад УЧК ја добила од Вашингтон

Емир Латифовиќ

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

Емир Латифовиќ

Лајчак: Силна осуда на нападот во Гошинце

Емир Латифовиќ