Лазански: Наредбата за напад УЧК ја добила од Вашингтон

Од:

Воено политичкиот коментатор Мирослав Лазански по нападот на караулата Гошинце оценува дека Албанците од Косово не ја зазеле полициската станица во Липково од хир или од хоби, туку за тоа добиле налог од Вашингтон, кому од политички и економски причини им е потребно постојано да има немири во Македонија, пренесе Макфакс.

„Сé зависи од тоа што ќе им каже Вашингтон. Ако на Вашингтон му одговара нестабилна ситуација во Македонија, тогаш ова ќе се повторува“, изјавил Лазански на босанската агенција Срна.

Според него, нападот на караулата Гошинце може да биде тесно поврзан со намерата на Вашингтон да спречи реализација на гасоводот „Турски тек“ зад којшто стои Русија.

„Тоа значи дека, ако гасоводот ‘Турски тек’ од Русија дојде до Турција, ако помине преку Грција, тогаш Македонија е таа којашто треба да ја одобри трасата за идниот гасовод. Можно е некој на Запад сега намерно да ја бранува ситуацијата во Македонија за оваа траса на гасоводот биде доведена во прашање и да не биде реализирана поради немирите во Македонија“, смета Лазански.

Заговарањето ткн Голема Албанија, според него, исто така, потекува од Вашингтон, а тоа е по секоја цена да се спречи Русија да влезе на просторот на југоисточна Европа, и политички и економски.

Тој вели дека Албанците никогаш сами нема да преземат ништо спонтано.

„Сé прават онака како што им е сервирано од Вашингтон и ситуацијата во Македонија ќе се одвива онака како што сака Вашингтон“, заклучува Лазански.

Во вторникот, четириесетина униформирани и вооружени лица, најверојатно од Косово ја нападнаа караулата Гошинце и заробија четворица полицајци. МВР го квалификуваше нападот како терористички чин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

Тачи – Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пронајден дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце

Ана Ололовска

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

Емир Латифовиќ

Лајчак: Силна осуда на нападот во Гошинце

Емир Латифовиќ

ЕУ загрижена за настанот во Гошинце и бара да се избегнуваат тензии

Емир Латифовиќ