Зоолошката градина од утре повторно отворена за посетители

Од:

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на
дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.

Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.

Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска