ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија реагира на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крушево и смета дека е непримерно и недолично за еден лидер на политичка партија да етикетира медиуми.

-Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети.

Настапот на Мицкоски коинцидираше со објавата на анкетата на ТВ Телма. Ваквите јавни настапи на политичарите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите и служат да го дискредитираат начинот на кој тие работат, соопшти ЗНМ.

Здружението го повикува раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини на телевизијата и во иднина да се погрижи да не се етикетираат ниту медиумите, ниту новинарите, бидејќи, како што посочува во реакцијата, тоа може само да ја влоши состојбата на слободата на изразувањето во државата, а таквиот наратив може да поттикне напади врз новинарите, снимателите и фоторепортерите кои работат на терен.

-Потсетуваме дека доколку политичарите или било кој друг има забелешки за начинот на кој известуваат медиумите, можат да поднесат претставки до медиумските саморегулативни тела и тоа до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија.

Исто така, ги потсетуваме и медиумите кои известуваат за предизборната кампања дека треба да се придружуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите и да објавуваат проверени и точни информации, стои во реакцијата од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага