Владата да го повлече Законот за медиуми, побара повторно Здружението на новинари на Македонија.
Претставија експертиза со забелешки и најавија дека ќе ја достават и до Владата.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара владата да го повлече законот и додаде:
Ова што ви го презентирав денеска не е ниту 10 отсто од забелешките на експертот. Ако се прифатат овие забелешки, коишто се сериозни, законот би требало да се преполови. Оттука, сметаме дека најдобро решение е владата да го повлече овој закон, да пушти во процедура писмени дополнувања на законот за радиофузна дејност, во кои ќе се опфати само Европската директива за аудиовизуелни услуги.