ЗНМ: Високите казни се злоупотребуваат за притисок врз медиумите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е сериозно загрижено поради високите драконски казни изречени против неколку национални телевизии од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за непочитување на обврската за емитување на македонска музика, се вели во соопштението на оваа новинарска асоцијација.

„ЗНМ оценува дека казните се превисоки и можат финансиски да ги исцрпуваат медиумите и да го доведе во прашање нивниот опстанок. Со тоа сериозно се загрозува слободата на медиумите, на што предупредува и Европскиот суд за човековите права, кој смета дека непропорционални казни претставуваат тешко прекршување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Казните против Сител и Телма се најдобар доказ дека ЗНМ беше во право кога за време на донесување на медиумските закони предупредувавме дека високите казни ќе можат да се злоупотребат за правење притисок врз медиумите“, се вели во соопштението.

Од ЗНМ потсетуваат дека исти забелешки за висината на казните имале и ОБСЕ и Советот на Европа, кои бараа казните да бидат реални, не превисоки и флексибилни, почитувајќи го локалниот контекст.

„Идната влада да предложи итни измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги во делот на казнените одредби за медиумите. Бараме казните да се намалат и да бидат пропорционални на финансиската состојба на медиумите“, се вели во соопштението на Здружението.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он