ЗНМ: Станува „добро утро“ новинари да се приведуваат без докази!

Од:

Здружението на новинарите на Македонија остро реагира против приведувањето на новинарот на весникот Лајм, Бесим Ибрахими, кој во саботата беше лишен од слобода поради сомнение дека учествувал во насилни протести.

Во писмената реакција од ЗНМ се вели дека приведувањето на новинарот Ибрахими е многу опасен преседан, новинари кои следат протести, кои се настани од висок јавен интерес, да се приведуваат под обвинение дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир.

Новинарот Ибрахими се затекнал на местото на настанот затоа што таму бил на професионална задача по налог на уредникот да ги следи протестите.

Тој категорично ги одбива сите обвинувања дека бил учесник на протестите и дека ги попречувал полициските службеници во извршување на службена должност.

Управниот одбор на ЗНМ изразува сериозна загриженост што во Македонија се воспоставува една крајно недемократска пракса многу лесно да се приведуваат новинари без да се обезбедуваат цврсти докази.

Ваквото однесување на полицијата може да ги одвраќа новинарите да ги следат протестите но може и да влијае на начинот на кој медиумите известуваат за протестите и за однесувањето на полицијата.

Предупредуваат дека озаконувањето на овој преседан ќе претставува тежок удар врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он