ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради последните одлуки на Апелациониот суд Скопје од април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

-Овој датум останува запаметен како ден кога брутално беа прекршени правата на новинарите и медиумските работници. Наместо да биде потврдено дека нападите и заканите кон новинари се неприфатливи, судот испраќа порака дека ваквите дела може да поминат неказнето. Ваквите одлуки го поткопуваат правото на безбедно и слободно новинарство.

ЗНМ укажува и на контроверзните ставови во образложението на судот, каде што се тврди дека „слободата на изразување“ не важи кога има насилни настани. Овој став е спротивен на претходните три одлуки на Уставниот суд, како и на Европската конвенција за човекови права и Уставот на државата. Уставниот суд веќе еднаш пресуди дека ваквото толкување е погрешно и го нарушува правото на изразување, се наведува во соопштението.

Според ЗНМ особено е проблематично што судот ја минимизира обврската на државата да ги заштити новинарите, сугерирајќи дека таа заштита не треба да биде „преголем товар“ за институциите. Ваквиот пристап, како што стои во соопштението, остава впечаток дека институциите се повеќе загрижени за сопствениот комодитет отколку за заштита на основните човекови права.

-Иако конкретните одлуки на Уставниот суд се однесуваа на друг предмет, тие се конечни, обврзувачки и важат за сите институции – вклучително и за Апелациониот суд. Непочитувањето на овие обврски се сериозен удар врз владеењето на правото, истакнуваат од ЗНМ.

Последните пресуди на Апелациониот суд Скопје, велат од ЗНМ, се однесуваат на новинарите Наташа Стојановска, Билјана Николовска, Игор Јанковски и Томе Ангеловски, кои и по осум години чекаат правда.

-Овие одлуки покажуваат дека правната заштита на новинарите и натаму е слаба, а неказнивоста на насилниците создава страв и несигурност кај сите кои секојдневно известуваат за прашања од јавен интерес, се наведува во соопштението.

ЗНМ апелира до судските и други надлежни институции да ги преиспитаат овие одлуки и да осигураат дека новинарите ќе добијат соодветна правна заштита.

-Нападот врз новинар е напад врз демократијата – и секој таков чин мора да биде истражен и санкциониран. ЗНМ ќе продолжи будно да го следи развојот на овие случаи и ќе се залага за целосна правда за сите новинари жртви на насилство.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење