ЗНМ со осуда на Тачи за вербалниот напад врз новинарот на Коха, Арбен Зеќири

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го осудува денешниот брутален вербален напад во Собранието на Република Македонија на претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи врз новинарот на дневниот весник Коха, Арбен Зеќири, се вели во соопштението на ЗНМ.

– Тачи денеска пред средбата со евроамбасадорот Аиво Орав во пратеничката група на ДПА во присуство на други новинари го обвини Зеќири дека стои зад критичните текстови објавени во еден локален портал од Тетово, соопштуваат од ЗНМ.

ЗНМ смета дека однесувањето на првиот човек на ДПА е случај без преседан во македонската демократија, еден ден по објавување на извештајот за напредокот на Македонија, кој е многу критичен во однос на слободата на изразувањето.

– За нас вербалниот напад врз Зеќири покажува под каков притисок работат македонските новинари, кои ја критикуваат работата на политичарите. Ова е само уште еден обид за заплашување на новинарите и девалвирање на улогата на медиумите во едно демократско општество.

Го повикуваме јавно Тачи да и објасни на јавноста како успеал да изврши упад во личниот фејсбук профил на новинарот Зеќири, а надлежните институции да се заинтересираат за случајот со цел да се тргне сомнежот дека политичарите ги следат критичните новинари, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он