ЗНМ се солидаризира со турските новинари и медиуми

Од:

Здружението на Новинари на Македонија се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари(МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција.

ЗНМ денеска упати писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Умур Шелендир, во кое изразува длабока загриженост за масовното затварање на медиуми и апсење на новинари, кое се случува во Турција, по обидот за воен удар. Во писмото, престедателот на ЗНМ, Насер Селмани ја повикува турската влада да се воздржи од нови напади на медиуми и новинари.

„Веруваме дека вонредната состојба не треба да се користи како изговор за чистка во медиумите, како и во другите делови на општеството. Цензура на медиумите заради критики насочени кон владината политика е незаконска, дури и во вонредна состојба“, се вели во писмото.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права и слободата на говорот. „Ве охрабруваме да ја негувате култура каде во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска