ЗНМ: Предлог – законот за медиуми е противуставен и треба да се повлече

Од:

ЗНМ ги достави забелешките за предложениот закон до Министерството за информатичко општество преку кои бара текстот да се повлече, а Владата да изготви измени и дополнувања на Законот за радиодифузна дејност, со кои ќе се вгради Европската директива за аудивизуелни медиумски услуги. Според ЗНМ, предлог – законот за медиуми е во спротивност со духот на Уставот и европските стандарди на Советот на Европа кои гарантираат слобода на изразување.

– За потребата за подобрување на медиумската легислатива треба да се отвори широка расправа во која ќе се детектираат слабостите на законите и ќе се понудат нови решенија за подобрување на амбиентот за работа на новинарите и на медиумите – стои во соопштението на ЗНМ.

Забелешките за новиот предлог – закон произлегуваат како резултат од јавната дебата што ЗНМ ја организира со новинарите во текот на април и мај.

Финалната конферецнија за Нацрт законот ЗНМ заедно со Македонксииот институт за медиуми, ќе ја организира на 6 мај во Скопје, каде експертот на Советот на Европа, Бернхард Мовес, ќе ги престави забелешките од анализата на тесктот на законот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура