ЗНМ: Порталот „kurir.mk“ не ги проверил тврдењата дека СДСМ го организира АМАН

Од:

Во однос на претставката на иницијативата АМАН за текстот со наслов „СДСМ го организира АМАН“ објавен од страна на порталот kurir.mk, Советот на честа одржа седница и го донесе следниот заклучок :

„Порталот kurir.mk до крај не ги проверил изнесените тврдења во тесктот дека „СДСМ го организира АМАН“ и дека посочената личност е вработена во Општина Карпош, иако изнесува фотографии што ги смета за докази.

Овде постојат елементи на кршење на членот 1 од Кодексот на новинари на Македонија. Доколку kurir.mk бил спречен да обезбеди изјави од АМАН и од посочената личност, тоа требало да го наведе во текстот, што не е направено. Доколку овие тврдања биле претпоставка или шпекулациија и тоа требало да се каже и објави, што исто така не е направено.

Но, kurir.mk во следните свои два текста поврзани со првиот („СДСМ го организира АМАН“) го испочитувал членот 3 од Кодексот на новинарите и објавил демант и објаснувања од страна на АМАН и посочената личност.
Советот на честа смета дека во случајот за кој е поднесенa претставката kurir.mk најкоректно ќе постапел доколку во текстот, во кој тврди дека СДСМ го организира АМАН и дека посочената личност е вработена во Општина Крпош, обезбедил изјави и од АМАН и од посочената личноста како втора страна.

Ги повикуваме новинарите во целост да го почитуваат Кодексот како најсигурен начин за обезбедување точни и вистините информации.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје